Connect with us

Гвардиола: Во моментов Манчестер Сити не е најдобриот тим во светот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, верува дека тешкиот период низ кој минуваат освојувачите на тројната круна од минатата сезона е добра работа за сите во клубот. „Граѓаните“ не успеаја да победат во последните четири првенствени натпревари, а во недела гостуваат кај Лутон, кој се претстави многу силно на домашен терен против Ливерпул и против Арсенал.


„На Лутон му оди добро. Тие играат добро и врвните тимови како Арсенал и Ливерпул имаа проблеми. Така ќе биде и за нас. Тоа е фудбалски натпревар и во моментов не сме најдобриот тим на светот бидејќи не го заслужуваме тоа со резултатите. Кога ги добивате натпреварите, вие сте најдобриот тим на светот. Кога не победувате, тоа е криза. Може малку и да се претера, но, сепак тоа е реалноста“, изјави Гвардиола.

„Тоа е спортот. Астон Вила е фантастичен тим и можеш да загубиш од нив. Не видов лоши работи кај нас, видов добри работи кај противникот. Има критики и тоа е нормално. Ние ги прифаќаме. Да се ​​обидеме да ги натераме критичарите да почувствуваат дека не биле во право“, дополни менаџерот на Манчестер Сити.

Се појави статистика дека „граѓаните“ секогаш губат кога Родри не е во тимот.

„Родри е дефинитивно многу важен, но не е само тоа. Има многу фактори. Можеби во последните натпревари ни недостасува константност. Немавме креативност, чувство дека ќе создаваме шанси пред противничкиот гол. Дали отсуството на Родри е причината за ова? Не мислам така“, искоментира Гвардиола.

„Мислам дека тоа низ што поминуваме во моментов е добро за сите во клубот. Тоа беше неопходно. Долго време се зборуваше само за тоа колку сме добри. Страшно е – бевме непоразени, а сега не можеме да победиме ниту еден натпревар. За себе ми треба овој предизвик за да докажам дека сум добар менаџер. Добар предизвик за играчите е тоа што Астон Вила беше многу подобра од нас. Замислете колку се добри другите. Сега можеби нема ни да се пласираме во Лигата на шампионите следната сезона. Се сеќавате колку проблеми имавме минатата сезона? Заостанувавме осум или девет бода зад Арсенал“, изјави менаџерот на Манчестер Сити на денешната прес-конференција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови