Connect with us

Тен Хаг: Нема криза во Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Tен Хаг, беше задоволен од триумфот од 2-1 на дербито против Челси. „Црвените ѓаволи“ одиграа еден од најдобрите натпревари во сезоната, пропуштајќи голем број шанси, вклучувајќи и нереализиран пенал преку Бруно Фернандеш.


Тен Хаг доби прашање дали со овој успех тимот излегува од кризата, а менаџерот негираше дека имало такво нешто.

„Криза? Toa е само странична врева која нас не нѐ допира. Кога сме обединети, покажуваме правилен став, излегуваме и играме добар натпревар и освојуваме бодови. Видовте како победивме – доминиравме над противникот и ја контролиравме топката. Токму така сакам да играме“, изјави Тен Хаг.

„Црвените ѓаволи“ упатија дури 28 удари кон противничкиот гол.

„Најважно е дека победивме, но можевме да си го олесниме животот. Можевме да постигнеме три гола уште во првите 30 минути. Не сме премногу среќни, затоа што секогаш сакаме да играме подобро и да ги правиме работите како што треба. Но, јас сум презадоволен од големиот број на шанси што ги создадовме“, додаде менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови