„Се чувствуваме ограбени, тоа е единственото нешто што може да се каже по вакво судење“, изјави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис по домашниот пораз (0-3) на италијанскиот фудбалски шампион од Интер.
Клубот од Милано славеше во Неапол со убедливи 0-3 со што го потврди првото место на табелата. Интер има 35 бода, Јувентус 33, Милан 29, додека Наполи моментално е на петтото место и има дури единаесет бодови помалку од Интер.
„Судијата Давиде Маса немаше своја вечер. Тој направи неколку клучни грешки и сите беа против нас. Тоа влијаеше на резултатот“, изјави првиот човек на Наполи и воедно ги повика челниците на италијанскиот фудбал и судискиот комитет да реагираат на случувањата на стадионот „Диего Марадона“.
Во исто време, Де Лаурентис му забрани на новиот тренер на неговиот тим Валтер Мацари воопшто да се појави пред новинарите бидејќи според него, новиот тренер на клубот од Неапол бил уште полут од него поради судењето на дерби натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













