
Баерн Минхен е заинтересиран за офанзивниот играч за врска, Флоријан Вирц. Членот на Баер Леверкузен е еден од најголемите светски таленти кој меѓу другите го бара Барселона.
Германските медиуми откриваат дека Вирц е наклонет кон заминување во Баерн, а трансфер во странство моментно не е опција за него.
Вирц е на врвот на листата на желби на Баерн за 2024 или 2025 година, но неговиот евентуален трансфер зависи од останувањето или заминувањето на Џамал Мусијала и Томас Милер, чии договори важат до 2026, односно 2024 година.
Доколку клубот од Минхен одлучи да го донесе Вирц, Баер ќе бара 120 милиони евра отштета. Баерн на тој начин би го соборил клупскиот рекорд за највисоко платено обештетување. Во моментов најскап е трансферот на Хари Кејн кој со бонуси може да достигне до 115 милиони евра.
Вирц во 2020 година пристигна во јуниорскиот тим на Баер. Оваа сезона, тој постигна шест и асистираше за десет гола на 18 настапи за неговиот тим, кој е на првото место во Бундес-лигата под водство на тренерот Чаби Алонсо.
Тој веќе има 14 настапи за фудбалската репрезентација на Германија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Патрик Шик во Баер Леверкузен до 2030 година

Прва лига
Никола Величковски ја засили Брера

Евро-фудбал
Барса ја наполни мрежата на Даегу (ВИДЕО)
