Пари Сен Жермен го оствари деветтиот триумф оваа сезона во Лига 1 откако на „Паркот на принцовите“ го доби убедливо дербито против Монако со 5-2. „Светците“ се првопласирани на табелата со 30 бода, пред Ница со 26.
Гонсало Рамош во 18.минута го доведе ПСЖ во водство, но само четири минути подоцна израмни Минамино.
Во 39.минута, Килијан Мбапе реализираше пенал и се погрижи ПСЖ да замине на одмор со предност од 2-1.
Во вториот дел, доминација на ПСЖ. Дембеле зголеми на 3-1, Витиња го постигна четвртиот гол за домаќинот, а Балогун намали на 4-2.
Последниот гол беше дело на Коло Муани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













