Рекордната победа на Франција над Гибралтар од 14-0 го принуди легендарниот Кристоф Дугари да зборува критички за одредени репрезентации, а ги спомена и Македонија, Албанија, Словенија, Косово… за кои тврди дека се го рангот на „кикирики“ – репрезентации.
„Тоа е натпревар што ќе остане запишан во книгите, но останува анегдота. Тоа е рекорд, но анегдотски рекорд. Тогаш, инсистирам и потпишувам, од сите овие натпревари со кикирики репрезентации нема никаква корист, момците само ќе се заморат, а може и се повредат“, изјави Дугари.
„Уморен сум од гледање на овие „кикирики“ натпревари на ТВ. Гледав Франција – Гибралтар бидејќи тоа е моја работа, но има многу селекции кои немаат врска со овие квалификации за ЕП.
„Гледам натпревар по натпревар на земји како Грузија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Литванија, Словенија, Казахстан, Сан Марино, Молдавија, Албанија, Малта, Македонија… Сите овие тимови се бескорисни. Косово, Андора, Ерменија… никогаш не треба да ги гледаме на ТВ“, изјави Французинот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













