Connect with us

Словенија, Италија и Чешка изборија пласман на ЕВРО 2024 (ВИДЕО)

Словенија, Италија и Чешка остварија позитивни резултати во директните дуели со Казахстан, Украина и со Молдавија, со што директно се пласираа на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија.


Данска претходно обезбеди пласман на ЕВРО 024 од групата Х, додека Словенија и Казахстан одлучуваа за вториот патник во директна пресметка во Љубљана. На Словенија и беше доволен бод, а на крајот победи со 2-1 во драматична завршница.


Бенјамин Шешко ги доведе Словенците во водство во 41. минута. Рамазан Оразов израмни во 48. минута, а Бенјамин Вербич во 86. минута погоди за потврда на конечниот пласман.


Казахстан мораше да победи, а со оглед на тоа што не успеа, заедно со Финска ќе оди во дополнителни квалификации.


Украина ја пречека Италија во Леверкузен во директен дуел за втората позиција. На Италија и беше доволен и бод, додека Украина мораше да победи за директно да се пласира на ЕП. Мечот заврши 0-0, а Украина ќе мора да помине преку дополнителни квалификации кои Италијанците ги избегнаа со ова реми.


Од претходно се знаеше дека Албанија оди на ЕВРО 2024 директно од групата Е. Вториот патник беше решен на мечот меѓу Чешка и Молдавија. На Чесите им беше доволен и нерешен резултат, но на крајот победија со 3-0. Полска ќе оди во дополнителни квалификации, а Молдавија и Фарски Острови ги заземаат последните две позиции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови