Connect with us

Милевски: Примивме четири гола од прекин на игра, тоа значи не сме биле фокусирани

МАКФУДБАЛ во Рим, Никола Ѓуровски

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, не е задоволен од првото полувреме на „Олимпико“ против Италија и начинот на кој ги примивме најголем дел од головите.


„Кога ќе примиш четири од пет гола од прекини значи не се бил фокусиран. Првиот дел не одигравме како што замислувавме, но по измените второто полувреме одигравме доста добро. Не успеавме да изедначиме, а тоа што се отворивме не чинеше уште два гола. Не сум задоволен од начинот на кој одигравме во првото полувреме, но и од резултатот“, изјави Милевски.


Тој напомена и дека Елиф Елмас сам побарал замена.


„Елиф сам побара замена бидејќи падна на физички план и не се чувствуваше подготвен да го доврши мечот. Се гледа дека му недостига минутажа во клубот и се надевам дека ситуацијата во клубот ќе се промени, бидејќи тој тоа го заслужува со начинот за кој игра во клубот“, заврши Милевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови