Connect with us

Столе Димитриевски одбрани пенал, но Киеза со два гола – зголеми на 3-0 (ВИДЕО)

МАКФУДБАЛ во Рим, Никола Ѓуровски

Столе Димитриевски успеа да му одбрани пенал на Жоргињо во 41.минута, откако Никола Серафимов играше со рака во шеснаесетникот.

Но, само една минута по одбранетиот пенал, Столе Димитриевски по вторпат мораше да ја вади топката од мрежата.

Федерико Киеза доби топка на работ на шеснаесетникот, упати силен и прецизен удар во долниот лев агол и зголеми на 2-0.

Во судиското продолжение од првиот дел, Федерико Киеза постигна уште еден гол. Шутираше откосо од левата страна, топката удри во ногата на Манев и заврши во спротивниот агол од голот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови