Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас конечно е негативен на Covid-19. На најновото тестирање, како што објави италијанскиот калчолигаш Наполи, двајцата досега „позитивни“ фудбалери, Елиф Елмас и Пјотр Зиелински, конечно се негативни и можат да му се приклучат на тимот.
Тие подолг период беа во карантин, се бореа со коронавирусот и по две седмици излегоа како победници. Сега полека се враќаат во тренажен процес и ќе треба да го надополнат загубеното, пред се на физички план.
Ова секако е убава вест за селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски во пресрет на финалниот плејоф натпревар против Грузија за пласман на Европското првенство, кој е закажан за 12. ноември во Тбилиси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













