
Германскиот бундеслигаш Мајнц на почетокот на ноември реши да го раскине договорот со Анвар Ел Гази поради објавите на холандскиот крилен напаѓач на социјалните мрежи за израелско-палестинската војна. Сепак, тој сега ќе го тужи клубот.
Поранешниот играч на Астон Вила и на ПСВ прво беше суспендиран од Мајнц поради неговите коментари, односно пропалестинскиот пост, а подоцна му беше раскинат договорот.
„Со оглед на неговата посветеност да ги поддржува вредностите на клубот и покажа каење, а во согласност со клупската култура на користење грешки како можности за учење, Анвар Ел Гази наскоро ќе се врати на тренинзите и активностите на натпреварот“, објави Мајнц во првото соопштение за Ел Гази.
Потоа објави дека дошло до прекин на соработката со играчот од Холандија со мароканско потекло.
А што всушност објави Ел Гази?
„Застанете во одбрана на она што е исправно, дури и ако тоа значи да стојам сам. Загубата на мојата егзистенција не е ништо во споредба со пеколот што е ослободен врз невините и ранливите во Газа. Стоп со убиствата“, објави Ел Гази, и потоа доби отказ во Мајнц.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal