
Реал Мадрид сака да го има Чаби Алонсо за тренер следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми. Тој во моментот е на кормилото на Баер Леверкузен и има фантастични резултати со германскиот бундеслигаш.
Раководството на германскиот клуб е подготвено за преговори со Реал Мадрид.
Баер Леверкузен ќе го пушти Алонсо во Реал доколку за него шпанскиот гигант плати отштета во висина од 18 милиони евра. Доколку двете страни се договорат, Чаби Алонсо ќе го замени Карло Анчелоти во летото 2024 година.
По 11 кола во Бундес-лигата, Баер Леверкузен води на табелата со два бода предност пред Баерн Минхен.
Реал Мадрид е на второто место во Ла Лига со 32 бода, два помалку од Џирона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal