Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека е добро кога неговите играчи се лути поради тоа што останале надвор од првиот тим.
Сити во саботата го победи Борнмаут со 6-1, а Жереми Доку постигна гол и имаше четири асистенции. Тој беше на клупата на натпреварот против Манчестер Јунајтед минатата недела, бидејќи Џек Грилиш беше стартер, но тоа се промени на натпреварот против Борнмут.
„Сакам Џек (Грилиш) да биде лут и сакам тој да игра добро. А потоа и Док да биде лут затоа што не ги одигра последните два натпревари. Тоа е начин да се задржи константноста на ова ниво“, вели Гвардиола.
Доку летово дојде во Манчестер Сити од Рен и има постигнато три гола во сите натпреварувања. Тој се бори за место во нападот со Грилиш, кој не стартуваше против Борнмут.
„Жереми и Џек можат да играат во исто време, но кога не играат, тренираат подобро следниот ден бидејќи знаат дека им доаѓа моментот, а кога ќе бидете ментално подготвени, ќе играте добро“, истакна менаџерот на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













