
Романскиот фудбалски тренер Мирчеа Луческу објави дека го напушта Динамо Киев и ја завршува кариерата. Ова го изјави стратегот пред новинарите по крајот на мечот со Шахтјор Доњецк.
Динамо загуби од Шахтјор со 0-1 на домашен терен и е седми на првенствената табела со 16 бода по 10 одиграни натпревари.
„Денес не сакам да зборувам за играта. Сакам да кажам дека му дадов 15 години на фудбалот во Украина. Ова беше мојот последен натпревар, решив да ја завршам кариерата. Им благодарам на сите”, изјави Луческу.
Луческу е на кормилото на Динамо од 2020 година, а во првата сезона тимот стана шампион, а го освои и Купот и Суперкупот на земјата. Романецот беше на чело на Шахтјор од 2004 до 2016 година, за кое време тимот стана национален шампион осум пати и го освои и Купот на УЕФА.
Луческу претходно во кариерата беше селектор на селекциите на Романија и на Турција, беше тренер и на романските Динамо и Рапид, италијанските Пиза, Бреша и Интер, како и рускиот Зенит.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
