Баерн Минхен доживеа неверојатен срам откако е елиминиран од третолигашот Сарбрикен во 1/16 – финалето на Купот на Германија. Тимот на Томас Тухел загуби со 2-1 што е огромна сензација.
Томас Милер во 16.минута донесе водство за Баерн и се чинеше дека фаворитот лесно ќе ја заврши задачата. Сепак, Сонтајмер израмни во 45.минута, а Марсел Гаус постигна победнички погодок за Сарбрикен во 95.минута од мечот.
Борусија Дортмунд оди во осминафиналето по триумфот над Хофенхајм со 1-0, со голот на Марко Ројс, а Баер Леверкузен славеше со 2-5 на гости против Сандхаузен. Ајнтрахт Франкфурт со 0-2 го победи тимот на Викторија Келн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













