
Холандскиот гигант Ајакс, кој се наоѓа во невидена криза, официјално го објави назначувањето на Џон Ван’т Шип за нов тренер на клубот. Поранешниот играч на клубот од Амстердам, кој има 347 настапи и 33 гола за Ајакс, потпиша договор со холандскиот гигант со важност до 30 јуни 2025 година.
Во текот на својата тренерска кариера, 59-годишниот стратег работеше во младинскиот и сениорскиот тим на Ајакс, а самостојно ги водеше Твенте, Мелбурн Сити, Цволе и репрезентацијата на Грција.
Welcome back, John van ‘t Schip! ❌❌❌
— AFC Ajax (@AFCAjax) October 30, 2023
„Среќен сум што сѐ е готово и со нетрпение очекувам да започнам со работа во клубот каде што некогаш почнав. Од разговорите што ги имав со сите вклучени во овој процес, јас заминав со многу добри чувства. Ајакс мора брзо да тргне по спортскиот пат нагоре и среќен сум што ќе работам за тоа“, изјави Ван’т Шип.
Ајакс е во трагична форма и моментно е на последното место во Ередивизие. Амстердамскиот гигант за првпат во својата историја забележа петти последовен првенствен пораз, откако вчера беше совладан со 5-2 од големиот ривал ПСВ Ајндховен.
Пред една недела Ајакс се раздели со тренерот Морис Стејн по ужасниот почеток на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
