
Победата на Јувентус против Верона во средбата на двата тима од 10. коло во италијанската Серија „А“ ги надмина границите на секоја можна драма. Победничкиот гол дојде во шестата минута од судиското надополнување, а тренерот на „старата дама“ – Масимилијано Алегри беше исклучен веднаш по голот на Андреа Камбијасо.
Тренерот на „бјанконерите“ ги пофали играчите што не се откажаа и се бореа до крајот и потсети на мотото на тимот од Торино – „Фино Ала Фине“ – „До крај!“.
„Тоа беше смртоносен натпревар. Ни требаа 97 минути да го добиеме натпреварот. Тимот ја заслужи оваа победа и одигра организирано, тоа беше најважно. Момците јасно ги следеа инструкциите дури и во толку напредната фаза од натпреварот и тоа беше пресудно за нашиот севкупен добар настап. Кин одигра одлично и не заслужи да биде повлечен, но кога му беа поништени два гола и тој доби жолт картон, помислив дека тоа едноставно не е негова ноќ и го заменив. Фудбалот е машки спорт, треба да има битки на теренот, затоа ние сме горди на овие квалитети и не се срамиме од нив“, изјави Алегри за „Скај Спорт Италија“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
