Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, изјави дека не треба да се презема ништо против неговиот соиграч Алехандро Гарначо, откако тој во објава на социјалните мрежи под заедничката фотографија објави емоџи од горила.
Гарначо додаде емотикони на фотографијата на која тој и Онана слават откако голманот на Камерун одбрани пенал против Копенхаген во седмата минута од судиското надополнување на натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите.
„Луѓето не можат да одлучат што мене ќе ме навреди. Знам точно што значеше Гарначо: моќ и сила. Оваа работа не треба да оди понатаму“, истакна Онана на Инстаграм, пренесе „Би-Би-Си“.
Фудбалската асоцијација на Англија е запознаен со соопштението на 19-годишниот Аргентинец од кого побара објаснување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













