Аргентинскиот напаѓач на Галатасарај, Мауро Икарди, ќе го пропушти натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, пренесува „Goal Turkiye“.
Поранешниот капитен на Интер нема да игра поради повреда заработена при победата од 2-1 над Бешикташ во турската лига. Икарди го постигна победничкиот гол за својот тим на ова истанбулско дерби.
Аргентинецот има 10 голови и една асистенција на девет натпревари оваа сезона во турската Суперлига.
Натпреварот од третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите меѓу Галатасарај и Баерн ќе се одигра утревечер во Истанбул.
Двата тима се на првите две позиции во групата. Баварците имаат 6 бода, а Турците два помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













