Паузата заврши, продолжуваат второлигашките активности. Денеска на програмата се натпреварите од деветтото коло, а се чини дека најинтересно ќе биде на „Автокоманда“ каде Скопје ќе го пречека лидерот Беса.
На Пелистер веројатно паузата му беше добредојдена, затоа што „зелените“ сакаат да фатат ритам и да се вклучат во битката за првата позиција. Битолчани денеска гостуваат кај Арсими.
Кожуф на домашен терен во Гевгелија ја пречекува Победа, додека Детонит Плачковица ќе се сретне со Осогово.
Вардар во Неготино е домаќин на Тетекс, а Новаци ќе игра против Охрид.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 9.КОЛО (денеска, 14 часот)
Скопје – Беса
Арсими – Пелистер
Новаци – Охрид
Саса – Беласица
Детонит –Осогово
Кожуф – Победа
Караорман – Башкими
Вардар Н. – Тетекс
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













