Пред натпреварот со Гранада (2-0), навивачите на Осасуна и покажаа поддршка на Палестина со развиорување на знамињата на стадионот. Освен што ја поддржуваа Палестина за време на конфликтот со Израел, навивачите на Осасуна протестираа и против одлуката на Ла Лига да ги забрани палестинските знамиња на стадионите.
Затоа напаѓачот на Гранада и израелски репрезентативец Шон Вајсман одби да отпатува во посета на Памплона, главниот град на шпанската автономна заедница Навара.
Вајсман бил предупреден за сопствената безбедност, па решил да остане во Гранада.
Тоа не ги спречи навивачите на Осасуна да му се обратат на Вајсман, па на трибините можеше да се слушне како скандираат „Вајсман, умри“.
Поради тоа Осасуна се соочува со втора казна оваа сезона. Претходно нејзините фанови извикуваа „умри“ за Мејсон Гринвуд, фудбалерот на Хетафе на кого му се судеше за злоставување на својата девојка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













