Јувентус излезе со официјално соопштение во врска со незаконското обложување со играчот од средниот ред, Николо Фаџоли. Играчот од средниот ред ќе отслужи седуммесечна суспензија поради прекршување на правилата.
„Клубот го забележа официјалното соопштение од ФИГЦ бр. 177/AA и ја потврдува својата целосна поддршка за Николо Фаџоли во чекорењето по овој пат, обезбедувајќи му на играчот потребната поддршка во спроведувањето на посочениот терапевтски план и, како што е предвидено во договорот, соработка со Федерацијата за да се реализираат закажаните состаноци.
Цврсто сме убедени дека Николо, со поддршка од клубот, неговите соиграчи, неговото семејство и професионалците кои ќе му помогнат, ќе се соочи со терапевтскиот и тренажниот процес со големо чувство на одговорност и откако ќе биде издржана казната, ќе да може да се врати на натпреварувањето со потребната смиреност“, изјавија од Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













