Баерн Минхен размислува да го ангажира грчкиот дефанзивец Сократис Папастатопулос откако реши да не го врати Џером Боатенг, пишува „Билд“. Баварците имаат сериозни проблеми во срцето на одбраната, каде се повредени Матијс де Лихт, Дајот Упамекано и Тарек Бухман.
Затоа Баварците првично планираа да го вратат Џером Боатенг во клубот, но на крајот решија да не ги користат услугите на својот поранешен играч.
Сократис добро се вклопува бидејќи е слободен агент и може веднаш да се приклучи на тимот.
Грчкиот дефанзивец летото го напушти Олимпијакос каде мина две и пол години. Претходно беше дел од АЕК Атина, Милан, Џенова, Вердер Бремен, Борусија Дортмунд и Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













