Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, призна дека не е задоволен од малата минутажа што ја добива од почетокот на сезоната. 38-годишниот Хрват сѐ помалку е во стартниот тим на Карло Анчелоти и се надева дека тоа ќе се промени.
„Тоа секако е нова ситуација за мене. Не играм толку често како порано, и колку што би сакал. Знаете дека сакам секогаш да бидам на теренот, не сакам брејкови и брејкови, само сакам да играм. Не ми се допаѓа тоа што се случува. Да бев во лоша физичка форма, ќе беше поинаку, но се чувствувам одлично и сакам да играм ако треба, на секои три дена“, изјави Модриќ на прес-конференцијата на Хрватска во пресрет на квалификацискиот натпревар против Турција.
„Она што се случува околу мене е нормален процес. Јас го сфаќам така. Морам да се прилагодам на ситуацијата и да продолжам понатаму“, додаде ветеранот.
Неодамна се појавија информации дека Дејвид Бекам направил обид да го привлече Хрватот во Интер Мајами. Сепак, желбата на Модриќ е да го исполни договорот со Реал Мадрид, кој истекува следното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













