Холандската полиција приведе двајца гостински фудбалери минатата недела по натпреварот помеѓу АЗ и Легија во Алкмар. Таа не сакаше да открие за кого станува збор, но полските медиуми веднаш напишаа дека во притвор се приведени играчите на Легија, Португалецот Жозуе и Србинот Радован Панков. Се пишуваше и дека во гужвата по натпреварот полицијата го претепала претседателот на клубот Дариуш Миодуски.
По нередите, полицијата соопшти дека двајцата уапсени се осомничени за кривично дело напад, а во исто време полските медиуми јавија дека имало гужва и тепачка со обезбедувањето кое не сакало да ја пушти екипата да излезе од стадионот. Наводно, затоа што навивачите на полскиот тим во тој момент почнале да го напуштаат својот сектор, па обезбедувањето ја сметало ситуацијата за опасна.
Ситуацијата ескалирала, а во толпата настрадале претседателот на полскиот клуб и еден од тренерите, кои биле удирани во лицето и грбот.
Легија на својот Јутјуб канал објави видео од случувањата по завршувањето на мечот во Конференциската лига. Тие го опишуваат видеото како долгочасовен скандал и тврдат дека Холанѓаните покажале ксенофобија, агресија и дискриминација. На него се гледа и апсењето на фудбалерите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













