![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/10/tikves-tim-123.jpg)
Македонскиот прволигаш Тиквеш испрати жестока реакција за судењето на Јован Качевски на денешниот меч против Шкупи (1-1) во Кавадарци.
„Смешно или трагично на денешниот натпревар против екипата на Фк Шкупи. Joван Качевски заедно со неговите помошници денеска направиjа катастрофално судење во дерби натпревар каде директно му наштетија на нашиот тим.
Во 46. минута при контранапад на нашата екипа играчот Едиз Спахиу се најде очи во очи со противничкиот голман но од зад грб беше спречен со боречки зафат и не беше досуден чист пенал за нашата екипа, а Качевски со неговите помошници при очи останаа слепи. Се прашуваме до каде води ова лудило и дали воопшто треба да се игра фудбал во оваа држава“, се прашуваат од Тиквеш.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal