Глобалната компанија „City Football Group“ бара да инвестира во нови фудбалски клубови и територии откако нејзиното големо семејство неодамна се зголеми со додавањето на италијанскиот Палермо и бразилската Баија.
Холдингот дал профитабилна понуда за 40 отсто од акциите на турскиот Башакшехир, тврди турскиот сајт „ajansspor.com“.
Башакшехир е еден од силните турски тимови во последниве години, стана шампион на земјата во 2020 година и минатата сезона играше во групите од Конференциската лига.
„City Football Group“ има огромен интерес за фудбалот, поседувајќи ги англискиот Манчестер Сити, австралискиот Мелбурн Сити, францускиот Троа, белгискиот Ломел, како и процентуалните акции во американскиот Њујорк Сити, шпанската Џирона, уругвајскиот Монтевидео Сити Торки, индискиот Мумбаи Сити и јапонскиот Јокохама Ф. Маринос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













