Connect with us

Шкупи сака да го освои Кавадарци, Работнички оди на гости во Штип

Шкупи сака повторно да биде на врвот, а тоа ќе го реализира само доколку денеска (14 часот) во Кавадарци успее да го победи Тиквеш, во десеттото коло од Првата фудбалска лига.
Дефанзивниот играч за врска на Шкупи, Алберт Диене, најавува дека тимот од Чаир ќе атакува на триумф во Кавадарци.


„Како што работевме во последниот период, така добро се подготвивме и за претстојниот натпревар. Во клубот владее одлична атмосфера, сакаме да го добиеме денешниот натпревар, бидејќи победата ќе не задржи на врвот на табелата. Соочувањето со Тиквеш нема да биде лесно, бидејќи тие се стабилен тим и имаат добри резултати на домашен терен“, изјави Диене.

Тренерот Младен Жижовиќ нема да може да смета на двајцата стандардни фудбалери оваа сезона, Хамза Рамани и Бразилецот Куевен, кои се принудени да паузираат бидејќи имаат акумулирано пет жолти картони, а поради повреда ќе го нема Марио Ричков.

Брера влезе во криза и се надева дека ќе успее да се врати на победнички патеки на дуелот против Гостивар во Струмица. Сепак, гостиварци полека се воигруваат и играат многу подобро отколку на почетокот на сезоната.

Интересен натпревар се очекува и во Штип, каде Брегалница го пречекува Работнички. Брегалница нема победа на последните четири меча, а „романтичарите“ доаѓаат да остварат позитивен резултат. Така најавува Матеј Ангелов.

„Нѐ очекува тежок натпревар. Брегалница секогаш ја има поддршката од навивачите во Штип и тоа ја отежнува работата за гостите. Но, ние сме максимално подготвени за надигрување и веруваме дека можеме да оствариме позитивен резултат. Нема да нѐ залаже ниту фактот дека Брегалница е во мини – криза кога се резултатите во прашање, мораме да бидеме фокусирани во текот на целиот меч, затоа што само така можеме да ја оствариме нашата цел. Посакувам фер и коректен натпревар, нека има добар фудбал и нека слави тој што ќе покаже повеќе на теренот“, вели Матеј Ангелов.

Воска Спорт на домашен терен ќе ја пречека Македонија ЃП.

„Ќе биде неизвесен натпревар, голем респект кон Воска Спорт која покажа дека има квалитет, но ние немаме план да одиме во Охрид како туристи, туку сакаме позитивен резултат!“, вели напаѓачот на Македонија ЃП, Никола Величковски.

Утре се играат натпреварите Вардар – Шкендија и Струга Трим Лум – Силекс.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 10.КОЛО (денеска 14 часот)


БРЕРА – ГОСТИВАР

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ

ТИКВЕШ – ШКУПИ

ВОСКА – МАКЕДОНИЈА ЃП

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (утре, 14 часот)

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови