Connect with us

Полскиот премиер реагира да бидат пуштени од притвор фудбалерите на Легија

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки побара од Министерството за надворешни работи итно да го расветли инцидентот во кој капитенот на фудбалскиот клуб Легија Варшава, Португалецот Жозе Пешкеиро и српскиот фудбалер Радован Панков беа уапсени од полицијата во Алкмар, Холандија по натпревар со домашниот тим.


„Вестите од Алкмар се многу вознемирувачки. Побарав од Министерството за надворешни работи итно да ги провери синоќешните настани. Мора да се однесуваат согласно законите кон полските фудбалери и навивачи. Нема да дозволиме да бидат малтретирани”, изјави денеска полскиот премиер.

Заменик министерот за надворешни работи на Полска, Павел Јаблоњски, денеска за полските медиуми изјави дека полскиот конзул веќе интервенирал кај холандските власти, а побарана е и помош од португалскиот и српскиот конзул бидејќи нивните државјани Пешкеиро и Панков ја минале ноќта во притвор.

„Имаме сигнали од цела Холандија дека холандската полиција се однесувала кон групи полски граѓани на нетипичен начин и тоа само затоа што зборувале на полски јазик“, изјави Јаблоњски за полската приватна телевизија Полсат.

Тој го нарече инцидентот шокантен и вети дека Полска ќе инсистира одговорните за агресијата да бидат казнети, а Јаблоњски за државното полско радио изјави дека полицијата дури и го удрила директорот на фудбалскиот клуб Легија Варшава.

Холандската полиција во своето соопштение не го спомена инцидентот по натпреварот, туку само наведе дека нередите започнале уште пред натпреварот АЗ Алкмар – Легија кога полските навивачи се однесувале, како што судела полицијата, агресивно, а некои се обиделе да упаднат на стадионот без билет.

„Мобилниот тим не можеше да спречи немири поради насилство врз полицајците и обезбедувањето на стадионот. Полицијата употреби солзавец за да се одбрани, а од навивачите на Легија заплени палки и бибер спреј“, јавија полските медиуми за соопштението на холандската полиција.

Полските медиуми заедно со снимките од инцидентот пренесуваат дека по натпреварот автобусот со фудбалерите и екипата на Легија бил блокиран на стадионот, а обезбедувањето на стадионот почнало да ги провоцира.

После тоа, полицајците го опколиле автобусот, се заканиле дека ќе употребат сила, влегле во автобусот, со лисици на рацете го извадиле капитенот Жозе Пешкеиро и играч на тимот Радован Панков и ги однеле во притвор, каде што останале и денеска не се враќаат со остатокот од екипата. а се вели дека холандските полицајци исто така се однесувале агресивно кон управата на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови