Напаѓачот Килијан Мбапе ќе биде достапен за Пари Сен Жермен на денешниот натпревар против Ница во Лига 1, изјави тренерот на францускиот шампион Луис Енрике.
Парижаните имаат тешка серија на натпревари, соочени со Борусија Дортмунд во Лигата на Шампионите и со Олимпик Марсеј во дербито на Лига 1 следната недела.
Мбапе беше резерва на пријателскиот натпревар на Франција против Германија во вторникот.
„Имаше проблеми, но тој ќе може да игра. Ница е добар тим, добро играат со или без топка. Понекогаш преземаат и преголем ризик и ние ќе мора да се адаптираме на тоа”, изјави Луис Енрике.
Пари Сен Жермен има осум бода од четири натпревари и е второпласиран на табелата во Лига 1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













