Леонардо Бонучи ја донесе конечната одлука да го тужи својот поранешен клуб Јувентус. Денеска адвокатите на дефанзивецот, кој во последниот ден од летниот преоден рок се пресели во Унион Берлин, официјално ќе ги достават документите со што ќе започне правна постапка.
Тврдењето е дека клубот го прекршил колективниот договор со тоа што не му ги обезбедил на Бонучи задолжителните услови за тренинг и подготовка. Ова доведе до оштетување на личниот и професионалниот имиџ на Бонучи кој бара финансиска компензација, а потоа ќе ја донира во добротворни цели.
Дефанзивецот одлучи да ги преземе овие дејствија не за лична одмазда, туку за доброто на другите играчи кои се наоѓаат во слична ситуација, но немаат можност да реагираат и да ги заштитат своите права.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













