Еден ден откако беше официјално промовиран за нов тренер на Шкупи, се случи голема трагедија во семејството на Младен Жижовиќ.
Од клубот информираат дека вчера во тешка сообраќајна несреќа животот го загубил таткото на Жижовиќ.
„Со жалење вчера ја примивме веста за заминувањето на таткото на нашиот тренер, Младен Жижовиќ, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Раководството на клубот, стручниот штаб и целиот тим изразуваат длабоко и искрено сочувство до тренерот и семејството на Жижовиќ“, се вели во соопштението од Шкупи.
Жижовиќ се врати во БиХ, а потоа дополнително ќе се приклучи на подготовките на тимот пред продолжението на првенството.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













