Бразилскиот фудбалер Ентони се договори со Манчестер Јунајтед да го одложи неговото враќање во клубот, откако беше обвинет за насилство врз девојка.
Тој беше обвинет за насилство кон бремена девојка, но ги негираше обвинувањата.
„Манчестер Јунајтед е информиран за обвинувањата против Антонио. Фудбалерите кои немаат репрезентативни обврски треба да се вратат на тренинзите во петок. Сепак, со Ентони е договорено неговото враќање да се одложи додека не се преземат дополнителни чекори во врска со обвинувањата. Како клуб ги осудуваме сите акти на насилство и малтретирање. Ја препознаваме важноста на безбедноста на сите кои се наоѓаат во оваа ситуација“, се вели во соопштението на клубот од „Олд Трафорд“.
Од истите причини Ентони не игра за репрезентацијата на Бразил, иако беше повикан за натпреварите во септември.
Мејсон Гринвуд неодамна имаше слична ситуација во Јунајтед, кој беше обвинет за насилство и силување, поради што беше исклучен од тимот, но тие обвиненија беа отфрлени. Гринвуд на крајот беше испратен на позајмица во Гетафе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













