Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон, бил последната желба на Ал-Итихад на последниот ден од преодниот рок во Саудиска Арабија, откако стана јасно дека клубот од Џеда нема да може да го ангажира Мохамед Салах.
Ал-Итихад достави понуда од 150 милиони фунти за Салах, но таа беше одбиена од Ливерпул една недела пред крајниот рок. Поради оваа причина, арапскиот клуб ги разгледа алтернативните опции и го идентификуваше Ришарлисон како нивна главна цел.
Разговорите биле интензивни, но на крајот и Ришарлисон одбил да се пресели ова лето во Саудиска Арабија.
Сепак, интересот за Ришарлисон е уште еден доказ за амбицијата на клубовите од саудиската професионална лига да ги привлечат најголемите светски имиња на Блискиот Исток. 26-годишниот напаѓач минатата година играше на Светското првенство со Бразил во Катар и е прв избор во нападот на „кариоките“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













