Македонскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Ристовски, потпиша за хрватскиот клуб Динамо Загреб доаѓајќи од португалскиот клуб Спортинг Лисабон. Трансферот го поздрави и еден од најдобрите прилатели на Ристовски, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.
„Жалам што твојата авантура завршува на ваков начин во клубот каде секогаш даваше се, каде секој пат ги почитуваше вредностите кои ги бара клуб како Спортинг – напорна работа, чесност и секогаш подготвен за другите. Секогаш беше цар и заслужуваш нова шанса за да ги демонстрираш твоите квалитети. Твоите успеси ќе бидат и мои“, напиша Бруно Фернандеш.
По три години Стефан Ристовски се пресели од Португалија во Хрватска и ќе го носи дресот на Динамо Загреб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













