Ливерпул ја одби огромната понуда на Ал – Итихад за Мохамед Салах. Клубот од Саудиска Арабија понуди 100 милиони фунти за египетската ѕвезда, со дополнителни 50 милиони фунти покрај таа трансферна сума за комплетирање на договорот.
Преодниот рок во Англија се затвора на полноќ, а „црвените“ би имале премалку време да најдат замена за надобриот играч во клубот во последните години.
Добро познат факт е дека голем број тимови од Блискиот Исток беа заинтересирани за услугите на Мо Салах во текот на летото, но Ливерпул беше категоричен и не сакаше да го продаде.
Ова лето тројца играчи на Ливерпул веќе се преселија во саудиската Про лига, Џордан Хендерсон, Фабињо и Роберто Фирмино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













