
Андре Онана доби повик во репрезентацијата на Камерун за квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации против Бурунди. Голманот на Манчестер Јунајтед одлучи да се откаже од националниот тим, но сега доби нов повик од селекторот, Ригоберт Сонг.
„Репрезентацијата на Камерун останува моја вечна љубов“, изјави Онана, цитиран од светските агенции.
На камерунскиот тим му е потребно само реми на домашен терен на 12 септември за да се квалификува во завршницата на турнирот во Брегот на Слоновата Коска следниот јануари.
Во декември 2022 година, Онана го објави своето повлекување од националниот тим по поразот (1-0) на Камерун од Швајцарија на Светското првенство во Катар.
„Фудбалерите мора да покажат дисциплина и почит“, изјави тогаш Ригоберт Сонг.
26-годишниот Андре Онана се пресели во Манчестер Јунајтед од Интер, а претходно настапуваше за Ајакс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
