
Македонската репрезентација е без промени на позицијата на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска.
Македонија во месецот без одигран натпревар остана на 68. место со 1343 поени, веднаш зад Алжир а пред Саудиска Арабија на листата.
Противникот на Македонија во полуфиналето од Лигата на нациите, селекцијата на Косово е на 131. место со 1113 поени. Од противниците, пак, кои ни се во квалификациите за ЕП најдоброрангирана е Полска на 20. место, Австрија е на 22. место а Израел е на 90-та позиција.
На врвот на ФИФА листата нема никакви промени во Топ 10. Прва е Белгија пред Франција, Бразил, Хрватска и Англија. Понатаму следат Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
