Connect with us

Ловро Мајер претставен како ново засилување на Волфсбург

Играчот од средниот ред на Рен, Ловро Мајер, му се приклучи на Волфсбург, објави официјалниот сајт на германскиот клуб. 25-годишниот хрватски играч за врска потпиша договор до 2028 година.

Тој ќе игра во дресот со број „19“, а зделката ќе го чини Волфсбург 30 милиони евра. Планирани се уште 5 милиони евра во форма на можни бонуси.

Мајер играше за Рен од 2021 година по неговиот трансфер од Динамо Загреб. За францускиот клуб забележа 79 настапи, постигнувајќи девет гола и 16 асистенции. Мајер има и 21 натпревар и четири гола за хрватската репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови