Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе го купи Моисес Каиседо. „Црвените“ ќе го урнат клупскиот рекорд, а рекордот на Премиер-лигата и ќе платат 110 милиони фунти на Брајтон за да го добијат еквадорскиот интернационалец.
Откако не успеаја да се договорат со Саутемптон за Ромео Лавија и проценија дека 50 милиони фунти се премногу за младиот и талентиран играч на овој клуб, Јирген Клоп и соработниците се насочија кон Каиседо.
За него беше заинтересиран и Челси, но понуди најмногу 90 милиони фунти.
Ливерпул не сака да ризикува непосредно пред почетокот на сезоната и ќе плати 110 милиони фунти за да ги задоволи финансиските апетити на Брајтон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













