Напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза, ги одбил понудите на Астон Вила и на Њукасл. „Бјанконерите“ се подготвени да го продадат со соодветна понуда, но 25-годишниот италијански репрезентативец не е подготвен да се пресели во клуб кој не е во самата елита на европскиот фудбал.
Киеза не е задоволен од начинот на кој Масимилијано Алегри го користеше минатата сезона. Тој често играше на десната странична позиција, а би сакал да игра поблиску до противничкиот гол.
Сепак, како што истакнуваат италијанските медиуми, Киеза нема проблем да остане во Јувентус доколку не пристигне некоја примамлива понуда за промена на средината.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













