
Мислав Оршиќ (30) летово стана играч на турскиот клуб Трабзонспор по лошата епизода во Саутемптон. На барање на тренерот Ненад Бјелица, тренерот кој го доведе во Динамо, тој се приклучи на турскиот тим, но можно е да не заигра неколку месеци.
На денешниот тренинг на Трабзонспор во словенечки Крањ, хрватскиот офанзивец падна по еден дуел со соиграчот Хакан Јешил и заврши во солзи.
Оршиќ се грчеше и липаше од болка, а лекарскиот тим веднаш му пријде. По третманот, Оршиќ го напуштил теренот со количка за голф, а првичните информации говорат дека се работи за сериозна повреда на коленото.
Турскиот клуб Трабзонспор на 25 јули ќе игра пријателски натпревар против Работнички на подготовките во Словенија.
Mislav Orsic'in sakatlık yaşadığı an. pic.twitter.com/n26ZhtCRYk
— Puskas Sports (@PuskaSports) July 23, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!
