Еден од најдобрите фудбалери на Реал Сосиедад, Давид Силва, се здоби со сериозна повреда. Тој ги скина предните вкрстени лигаменти и го очекува долга пауза.
Поради ова, искусниот фудбалер од средниот ред размислува и за крај на кариерата. Тој има 37 години и во негова возраст рехабилитацијата ќе оди многу побавно, откриваат шпанските медиуми. Сепак, одлуката ќе ја донесе за неколку недели.
Давид Силва ја почна кариерата во Валенсија, а покрај Реал Сосиедад со успех настапуваше и за Манчестер Сити од 2010 до 2020 година. Со „црвената фурија“ освои две шампионски титули на европските првенства, а во 2010 година беше и светски првак.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













