Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски ја заврши авантурата во казахстанскиот Каспиј. Тој на прес – конференција објави дека заминува од клубот.
„Напорно работев за да го стекнам своето име и сега не сакам да го изгубам тоа име. Решив да го напуштам своето работно место. Оваа порака им ја пренесов на играчите и управата. Се надевам дека ќе се создадат услови за следниот тренер. Верувам дека фудбалскиот клуб Каспи ќе остане во Премиер – лигата на Казахстан. Би сакал да им се заблагодарам и да посакам успех на сите што работат во фудбалскиот клуб. Особено сум им благодарен на навивачите“, изјави Игор Ангеловски.
Очигледно е дека во Каспиј многу работи не функционирале според претходно договорените детали.
„Најпрво би сакал да им се заблагодарам на играчите кои вчера излегоа на теренот, немам што да им кажам, а благодарен сум и на момците од резервниот тим, бидејќи половина од нив се млади играчи на нашата академија. Кога пристигнавме овде пред два месеци, бевме на последното место со нула бодови и ни рекоа дека мораме да ги прилагодиме играчите во тимот и да пуштиме многу од нив. Се договоривме дека ќе добиеме нови играчи кои ќе ги заменат. На 12 играчи им ги раскинавме договорите, меѓу нив и на тројца играчи кои сакавме да ги задржиме, но не можевме, Дијакате, Бриџидо и на Џигаури. Две недели трениравме за дуелот против Жетису со 10 играчи од главниот тим, а останатите со млади играчи од академијата“, објави Ангеловски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski