Македонскиот претставник Шкупи оствари убедлива победа (0-5) против литванскиот Хегелман во првиот меч од квалификациите во Конференциската лига. Јасно е дека реваншот во Скопје ќе биде само ревијален, а следната пречка за тимот од Чаир ќе биде бугарскиот клуб Левски.
Триумфот во Литванија чаирчани го посветија на Валид Хамиди, алжирскиот интернационалец кој не доби влезна виза за Литванија.
„Не сакаме политика во фудбалот, фудбалот е убав во сите бои, само со својот јазик и својата религија. Оваа победа ја посветуваме на нашиот фудбалер Валид Хамиди, играчот на кого не му беше одобрена виза за Литванија“, истакнаа од Шкупи по синоќешниот триумф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













