Фудбалерот на Арсенал, Томас Парти, им порача на своите агенти да ги одбијат сите понуди од Саудиска Арабија и да продолжат да работи на неговиот потенцијален трансфер во Јувентус.
Ал-Ахли и Ал-Наср се клубовите со кои се поврзуваше овој одличен играч за врска.
Ал-Наср, клубот на Кристијано Роналдо и на Марсело Брозовиќ, сѐ уште е подготвен да плати 30 милиони евра на Арсенал и да му понуди огромна плата на Парти, но проблем за тој тим е што репрезентативецот на Гана сѐ уште сака да игра во Европа.
Парти има 30 години, во Арсенал пристигна во 2020 година, а претходно пет години играше за Атлетико Мадрид. Во последните две сезони заедно со Гранит Џака формираше незаменлив тандем од последни играчи од средниот ред во Арсенал, но од следната сезона тие позиции ќе ги покриваат Деклан Рајс и Жоргињо.
Парти одигра 45 натпревари за селекцијата на Гана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













