Офанзивецот Дарко Размоски е ново засилување за македонскиот второлигаш Пелистер. Тој беше можеби најзаслужниот за пласманот на Вардар во елитата откако стрелаше на баражот против Скопје (3-0), но сега реши да се врати во Битола.
Размоски всушност се врати во Пелистер каде играше во минатото, а е поранешен член и на Брегалница, Беласица, Воска и на Охрид.
„Чест ми е што одново сум дел од ФК Пелистер. Моите амбиции и амбициите на клубот се прволигашки и ќе дадам сѐ од себе тие да се остварат“, изјави Размоски.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement