Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски можеби ова лето ќе има нов клуб, затоа што Рајо Валјекано донесе одлука да го продаде. Сепак, продажбата зависи од евентуалниот ангажман на нов голман во редовите на Рајо. Шпанскиот прволигаш ќе се обиде да го купи голманот на Лацио, Луис Максимилијано, и нуди 8,5 милиони евра.
Се очекуваше ова лето Рајо Валјекано да му понуди нов договор на Димитриевски, но, сепак, шпанските медиуми тврдат дека клубот размислува за продажба на Столе Димитриевски, кој имаше уште една одлична сезона во Ла Лига.
Димитриевски беше еден од кандидатите за ново засилување на Реал Мадрид, но во последен момент украинскиот голман Андриј Лунин одлучи да остане на „Бернабеу“ и да продолжи да му биде замена на Тибо Куртоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













