Connect with us

Рубен Лофтус-Чик потпиша за Милан

Поранешниот фудбалер на Челси, Рубен Лофтус-Чик, денеска потпиша четиригодишен договор со Милан, објави клубот.


„Фудбалскиот клуб Милан со задоволство може да го објави доаѓањето на Рубен Лофтус-Чик од Челси. Фудбалерот потпиша договор до 30 јуни 2027 година“, се наведува на сајтот на италијанскиот клуб.


Клубот не соопштува финансиски детали, а италијанските медиуми објавија дека Милан за трансферот ќе му плати на Челзи околу 21 милион евра.


Лофтус-Чик ги помина сите младински селекции на Челси, а за првиот тим дебитираше во 2014 година. Тој имаше договор за уште една година. Се очекува во Милан да го замени Сандро Тонали кој заминува во Њукасл.


Играчот од средниот ред постигна 13 гола на 155 натпревари за лондонскиот клуб, ја освои Премиер л- игата, Лига Европа и Суперкупот на Европа.


Играше и на позајмица во Фулам и Кристал Палас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови