Грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија е на чекор до продолжување на договорот со Наполи до 2028 година. Тој беше еден од најдобрите играчи во шампионскиот тим на Наполи и даде огромна помош во освојувањето на „скудетото“ по цели 33 години.
Кварацкелија ќе добие речиси трипати поголема годишна плата од сегашната и во иднина ќе заработува 3 милиони евра по сезона.
Тој пристигна минатото лето за 11,5 милиони евра од Динамо Батуми. Зад себе има една од најдобрите дебитантски сезони во најдобрите пет лиги во Европа.
Кварацкелија на 43 натпревари постигна 14 гола и забележа 17 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













